Saturday, 22 June 2013 16:16 Занимливости

Голем број жители на Џакарта во недостаток на опции одлучија да станат професионални автостопери...



Така тие заработуваат многу повеќе, за разлика од своите сограѓани, но нивната работа не е легална.

Вообичаено е возачите да им прават услуга на автостоперите застанувајќи на пат и со превезување до потребната дестинација. Меѓутоа, во главниот град на Индонезија ситуацијата е потполно спротивна - возачите плаќаат автостопери да се прошетаат со нив. Затоа голем број од Џакарта се вклучуваат во новиот бизнис на професионални автостопери, пишува Oddity Central.

Всушност, во Џакарта живеат 30 милиони луѓе, а регистрирани се околу 20 милиони автомобили. Инфраструктурата е катастрофална и сообраќајниот метеж е секојдневние. Поради тоа Владата одлучила да воспостави т.н. „Три во едно зона“ - зона каде може да возите автомобил само со најмалку три лица во возилото. Овие автомобили стигнуваа многу побрзо до нивната дестинација, а за да го исполнат барањето со минимум 3 луѓе во возило, често застануваат кај професионалните автостопери.



Професионалците не подигнуваат палец како обичните автостопери, туку со показалецот им покажуваат на возачите дека се „слободни“. А ако на пример се работи за мајка со дете, таа ќе подигне два прста, показалецот и средниот прст, за да покаже дека се двајца.

Но, законот забранува собирање на автостопери само за да може да влезат во специјалната зона. Затоа автомобилите што влегуваат во зоната ќе мора да докажуваат дека нивните сопатници им се блиски - семејство, колеги или вработени, доколку ги сопре полиција.

Во оваа земја, каде повеќето заработуваат помалку од 1 долар дневно, професионалните автостопери заработуваат и до 7-8 долари за неколку часа. Навистина, многу е ризично да работите ваква „работа“, но како што велат самите, за многу автостопери ова е единствениот начин да се заработат пари.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...