Thursday, 20 June 2013 14:35 Занимливости

Не сте во брак, но сте имале секс, тогаш треба да се "разведете". Ако неженета двојка има секс, партнерите се сметаат за маж и жена и треба да се "разведат", ако не сакаат да бидат повеќе заедно, пресуди индиски суд...

Кога две лица кои наполниле легална возраст од 18 години за жени и 21 година за мажите "се впуштаат во сексуални задоволства", тоа треба да се гледа како "акт на целосно предавање". А тоа од своја страна да се прифати како легитимен брак, пресуди судија од Врховниот суд во Мадрас.

Судот додаде дека регистрацијата на бракот и свадбената церемонија се само формалност за освојување на одобрението на општеството.
Откако две лица имаат секс, тоа "се претвора во целосно предавање со сите последици", вклучувајќи и потреба од решение за развод, ако тие сакаат да спијат со друг човек.

Покрај тоа, ако некој од двајцата партнери сака да го регистрира "бракот", тие треба да објават статус на брак пред Семејниот суд, ако се во можност да обезбедат доказ за сексуални односи.

Откако ќе биде објавено од судот, партнерот станува сопруг или сопруга на другиот партнер, без разлика дали тој или таа го одобрува тоа.

"Легитимните права кои се применуваат за нормално брачните двојки, ќе се применуваат и за парови кои имале утврдени сексуални односи", пресуди судот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...