Wednesday, 19 June 2013 10:53 Занимливости

Пред неколку дена кукавме затоа што постојано паѓаше дожд, а сега не "убива" жештинава! Што да правиме кога деновите се "пеколни"...

Не пијте ледена вода туку топол чај! Звучи чудно, но научниците велат дека по топлото време подобро е да пиете топли напивки. Нервите кои се наоѓаат на нашиот јазик со посебни молекуларни рецептори, примаат податоци од надворениот свет. Кога пиеме или јадеме нешто топло, рецепторите го известуваат мозокот да ги вклучи меганизмите за ладење на телото и ние почнуваме да се потиме, што никако не ни одговора кога надвор е топло.

Ниту ладниот туш не е добро решение. Тоа е само моментално освежување кое ќе ја забрза циркулациајта и наскоро ќе ви биде уште потопло. Туширајте се со млака вода, а нешто поладен млаз моете да задржите на зглобовите на дланките и на вратот. Не мачкајте се со млеко за тело, ниту лосион, затоа што така ќе и отежнете на кожата да дише.

Носете памучна облека, никако тесно, а стапалата нека бидат што повеќе отворени. Тоа не значи дека наоколу, особено не на работа, треба да одите во апостолки, туку да ностеи сандали од кожа или некој друг природен материјал. Ако мора да излезете во најтоплиот период од денот земете со себе шише вода. Ако имате празно пакување од некој парфем или спреј, наполнете го со ладна вода и прскајте се од време на време.

Што се однесува до храната, најважно е да внесувате доволно течности, да јадете лесна храна базирана на овошје и зленчук, чорби и салати. Исто така важно е и како ги чувате намирниците во текот на летото, каде ги купувате и колку добро сте ги измиле.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...