Friday, 14 June 2013 17:07 Занимливости

Список од професии за кои САД предвидуваат дека до 2020 година ќе се вработуваат за 20% повеќе луѓе...



Спортски и фитнес тренери, физиотерапевти, регистрирани медицински сестри и масери. Училишните психолози, педагози, учители по музичко, воспитувачи во градинка и логопеди. Лични финансиски планери, шофери и приватни детективи, се професиите кои до 2020 година ќе бидат најбарани на пазарот на труд, пишува Џорџ Андерс, новинар од Форбс.

Забележавте што е заедничко за сите овие професии? Нивната заедничка особина е емпатијата, способноста за сочувствување со емотивната состојба на другите луѓе и разбирање (на пример, болка, загрозеност), врз основа на ситуацијата во која лицето се наоѓа.

Емпатијата е основен предуслов за дружељубивост, односно социјализација. Во денешниот дигитален свет, технологијата го презема поголемиот дел од работните места, кои претходно ги работеа нашите родители, баби и дедовци.

Кога одиме во модерна фабрика, гледаме само неколку луѓе кои управуваат со машините и целата фабрика. Но, машините не можат да заменат сè.

Разговорот лице в лице со вистински човек, со некој кој се грижи за нашето емоционално богатство, не може да се замени со ниедна машина.

Кога одиме во теретана, освен сувопарно вежбање, гледаме како личните тренери разговараат со своите клиенти и за стрес, го фалат напредокот за враќање во форма и понекогаш малку им ласкаат. Се поврзуваат со нивните клиенти на начин што ги мотивираат и по некое време клиентите се враќаат назад во теретана, бидејќи сакаат да поминат време со пријателите и да ја стекнат нивната почит.

Истата приказна е и со образованието и здравствената заштита, во ресторани и барови. Келнери, готвачи и бармени бележат зголемена вработеност за 16% во САД.

Колку повеќе време поминуваме во бездушен и автоматизиран технолошки свет, толку повеќе ќе го цениме разговорот со вработените и келнерите кои не познаваат по име. Ќе плаќаме повеќе за дружење со луѓе кои се способни да ја одржат жива уметноста на разговорот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...