Tuesday, 11 June 2013 08:50 Занимливости

Гигантите на светскиот пазар за спортска облека и обувки "Најк" и "Адидас", најавија транзиција кон револуционерната технологија позната како 3D-печат за создавање на нови колекции фудбалски чевли и патики...

Британскиот весник "Фајненшл тајмс" објави дека двете компании ќе можат да прават врвни спортски чевли со невидена брзина во досегашната историја на светската индустрија.

Развиена во воздухопловната индустрија, технологијата 3D печатење дозволува да се прават предмети во пракса од било каков материјал врз основа на тродимензионален модел.

Денес има две основни технологии - ласерски и инк-џет, кои го создаваат објектот слој по слој. Од компаниите велат дека прво ќе почнат да ја користат технологијата на стапалата, кои се најважниот елемент од чевлите.

"Новата технологија ќе ни овозможи да го скратиме рокот на производството на прототипот од 4-6 недели до 1-2 дена", рече претставник на "Адидас", додавајќи дека ако пред тоа за таа работа биле потребни 12 лица, сега ќе бидат доволни двајца.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...