Thursday, 06 June 2013 08:57 Занимливости

Повеќе вработени запираат со работа во 14:55 часот и проверуваат постови на социјалните мрежи, излегуваат за кафе или разговараат со колеги, покажува најновото истражување...

Точно во толку часот вниманието ни почнува да слабее, концентрацијата се намалува до граница, почнуваме да гледаме фотографии на Фејсбук или да зборуваме по телефон со пријателите.

До овој заклучок достигна тим на истражувачи, кој имал за цел да измери колку време од денот вработените се непродуктивни. Резултатите без никакво сомнение покажаа дека во 14:55 часот се работи најмалку.

"Мора да признаам дека кога часовникот чукне 15:00 почнувам да планирам што ќе правам вечер", признава еден од испитаниците. Друг објаснува дека најбрзо и квалитетно работи наутро, а проблемите почнуваат по паузата.

За да избегаат од мрзеливоста, работниците најчесто излегуваат за кафе и чоколадо, со кои се враќаат во форма.

Од друга страна најпродуктивното време е 10:26 часот наутро. Тогаш вработените најнапорно работат, брзо проверуваат и ги исполнуваат работните пораки и планираат задачи за преостанатиот ден.

Вториот продуктивен момент е 16:16 часот, кога вработените ги напуштаат своите канцеларии и се полнат од нов бран енергија. Сепак психички повеќето учесници во истражувањето велат дека престануваат да размислуваат за работа околу 18 минути пред да си заминат дома.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...