На листата на супериорни кои можат да се пофалат со IQ од 140 и повеќе се холивудската ѕвезда Џејмс Вудс и поранешниот шахист Гари Каспаров...

Просечнiot интелигентен човек денес има коефициент на интелигенција IQ 90-110, додека натпросечно интелигентен или високо супериорен може да се пофали со коефициент на интелигенција од 140 или повеќе. Се разбира дека тоа е реткост, но и таквите луѓе постојат.
Погледнете ја новата листа на најинтелигентните луѓе (само оние што се мереле) денес:
10. Џејмс Вудс - Коефициент на интелигенција IQ - 180
Холивудската ѕвезда може да се пофали со завидни и логички способности покрај Еми наградата. Студирал алгебра и е познат како врвен математичар.
9. Мерилин Вос Савант - коефициент на интелигенција IQ - 190
Позната во светот како колумнист на списанието „Парада магазин“. Поранешна рекордерка од Гинис со највисок коефициент на интелигенција.
8. Кенет Фарел - коефициент на интелигенција IQ - 190
Доктор кој живее во Северна Каролина, член е на голем број здруженија кои се занимаваат со мерење на логички способности. Самиот тој креирал неколку вербални и нумерички тестови.
7. Гари Каспаров - коефициент на интелигенција 190
Познатиот шахист кој се откажал од својот спорт пред 8 години и се посветил на политиката. Денес е многу активен противник на Путин.
6. Мислав Предевец - коефициент на интелигенција IQ - 192
Живее во Загреб и е професор по математика на универзитет. Тој ја основал „General IQ Society“, елитна организација што ги обединува најинтелигентните луѓе во светот. Сопственик на компанија која се занимава со трговија. Ги слуша Пинк Флојд.
5. Рик Роснер - коефициент на интелигенција IQ - 192
Необичен генијалец. Единствен од листата кој не се занимава со наука. Работел како шанкер и стриптизер и учествувал во квизот „Кој сака да биде милионер?“. Неговите пријатели велат дека Рик по 20 часа дневно решава различни тестови за интелигенција.
4. Евангелос Кациоулис - коефициент на интелигенција IQ - 198
Грчки психијатар со многу занимања, добар сликар и одличен пливач. Многу сака да патува.
3. Ким Јонг Ун - коефициент на интелигенција IQ - 210
Јужнокореецот е неверојатен капацитет уште од рана возраст - на 6 месеци проговорил, на 3 години читал текстови на англиски, германски и јапонски, пишувал поезија, слушал академски предавања на 4 г. По повик од НАСА студирал во Америка и почнал да работи уште како тинејџер. На крај се вратил во Кореја.
2. Кристофер Хирата - коефициент на интелигенција IQ - 225
На 13 години го освоил златниот медал на Меѓународната олимпијада по физика. На 22 станал Доктор на науки на Универзитетот Принстон, а денес работи за НАСА во врска со проектот за колонизација на Марс.
1. Теренс Тао - коефициент на интелигенција IQ - 230
Математичар со австралиско и американско потекло. На 3 години решавал аритметички проблеми, на 9 г. тргнал на колеџ, а на 20 докторирал. Станал професор во Лос Анџелес на само 24 години и 230 објавени научни трудови.