Tuesday, 28 May 2013 08:31 Занимливости

Секој човек има листа на омилени јадења. Таа зависи од културната припадност, регионот во кој живее и иако на последно место не и помалку важно - од финансиските можности...

Бидејќи, ако еден од омилените пијалоци на милијардерите е кафе за 50 долари, ферментирано во стомакот на слон, тогаш ние, обичните смртници, се задоволуваме со пица или чоколадо.

Еве кои се петте храна кои голем дел од луѓето ги нарекуваат "омилени":

Чоколадо
Сите знаеме дека вкусниот десерт се прави од какао. Во минатото тој бил конзумиран само како топол пијалок.

Го нарекуваат "храна на среќата", бидејќи содржи триптофан - супстанца која придонесува за производство на ендорфин - хормон на среќата.

Секоја година за чоколадо се трошат скоро 7 милијарди долари. Просечно еден човек јаде над 5 килограми чоколадо годишно, а најчесто посегнуваме по него во есен и зима.

Пица
Таа е неколку илјади години. Уште Римјаните биле нејзини обожаватели - тие конзумирале тркалезен леб, посипан со зачини.

Тоа е храна која се подготвува насекаде во светот, но само во Италија се прави "традиционалната пица". Нејзините состојки се заштитени со посебен закон.

Првата пицерија е отворена во Неапол. Токму таму кралицата Маргарита Савој била на одмор кога за нејзиниот роденден познат пица мајстор подготвил пица во нејзина чест. И до денес таа се вика Маргарита.

Сладолед
Првиот рецепт на сладолед е донесен во Европа од Кина - таму локалните мешале овошје со снег или мраз и му го давале десертот на царот. Рецептот била државна тајна до ХI век, кога бил објавен во книга достапна за обичните луѓе.

Бифтек
Многу сиров, сиров, средно сиров, средно испечен, многу испечен - тоа се шестте варијанти во кои можете да нарачате бифтек во ресторан.

Сите сакаме да јадеме бифтек (со исклучок на  вегетаријанците), но често изборот на месо се сведува на содржината на масти.

Мисиркино месо содржи 1% масти, пилешкото (без кожата) и шунка - 3%, телешкото - 8%, патка - 11%, сланина - 16%.

Помфрит
За прв пат помфритот го јадел третиот американски претседател Томас Џеферсон. Денес компирите се втората храна по потрошувачка во менито на Американците - најверојатно последица од зависноста кон т.н. junk food.

Нутриционистите предупредуваат - Помфритот не е  само мрсна, туку и токсична храна. Затоа е важно не само да ги конзумираме со задоволство, но и со мерка.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...