Saturday, 25 May 2013 17:15 Занимливости

Замбиец кој работел во рударска компанија се соочил лице в лице со питон кој сакал да го задави...



„Тој ден во Калумбили копав со булдожерот. Кога решив накратко да се симнам од булдожер оставајќи го моторот вклучен, не знаев дека од земјата со црпалката сум дигнал и питон“, рекол 25-годишниот Келвин Каток во болничкиот кревет во Китвеј, каде се уште се опоравува веќе цел месец после ужасниот настан.

Змијата почнала да му се мота околу нозете. „Не забележав додека не стигна до колената. Се обидов да побегнам со скокање, но ништо не можеше да се направи, за миг змијата ми го замота целото тело и ме собори на земја“ се присетува Каток.

Питонот од вид „констриктор“ е неотровен. Неговиот метод на убивање е стискање на мускулите од целото тело за да го оневозможи дишењето и да загуши.

„Дојде до моето лице и почна да ме удира со главата. За среќа левата рака ми беше сè уште слободна и можев да ја искористам за да се одбранам“, објаснува работникот, додавајќи дека кога змијата сакала да му ги забие забите во носот, тој успеал да ја гризне неа.

„Убаво ја гризнав и по долгата борба опашката и падна, но продолжи да ме стега. Се сетив дека имам ноже во џеб и брзо го дофатив. Ја бодев колку што можев и почна да ме пушта, но јас бев толку слаб што ме прекри со своето тело и почна да ме плука по лицето како да се подготвува да ме проголта. Почнав да повраќам крв и повеќе ништо не видов, тогаш изгубив свест.“, додава Каток.

Неговиот живот бил спасен кога случајно дошле неговите колеги од рударската компанија First Quantum Minerals.

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...