Friday, 24 May 2013 18:46 Занимливости

Научниците со помош на експериментирање врз лабораториски глувци ја откриле причината за потреба од чешање кај луѓето...



Американските научници ги откриле молекулите одговорна за чешање, пишува списанието „Science“.

Научниците од Американскиот национален институт за здравство спроведе тест на глувци и утврдиле дека молекулот наречен натриуретичен пептид b (Nppb), кој го ослободува 'рбетниот мозок, испраќа сигнал до централниот нервен систем да реагира на чешање.

„Интересно беше да се гледа. Кога беа изложени на средства за иритација, ништо не се случи. Кога им вбризгавме Nppb инјекција во 'рбетниот мозок, почна да се чешаат“, рекол водечкиот истражувач Сантош Мишра.

Научниците велат дека молекулот го добива чувството за србеж на кожата и го пренесува преку 'рбетниот мозок на мозокот. „Нашата работа покажува дека србежот, кој некогаш се смета за поблага форма на болка, е посебно чувство кое се пренесува до нервниот систем“, рекол научникот Марк Худ. „Би бил многу изненаден ако постапката не е иста и кај луѓето“, додал тој.

Убод од инсекти, псоријаза и други состојби може да резултираат со силен србеж. Некои луѓе страдаат и од хроничен србеж што ги тера на чешање, кој ги нарушува нивните животи. Д-р Худ вели дека тоа може да биде и „катастрофално“ што ќе удри по здравјето. Единствениот лек е прекин на нервните врски во зафатената област, но тоа ги прекинува и другите чувства.

Научниците се надеваат дека благодарение на ова откритие може да се открие како индивидуално да се прекине србежот на луѓето што страдаат од него.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...