Thursday, 16 May 2013 16:58 Занимливости

Шерон Симонс (56), минатата година учествувала на аудиција за работна позиција за навивачка...

Бабата се осмелила да конкурира за работа, каде повеќето биле неколку децении помлади од неа. Оваа стара жена споделила неколку лекции за убав начин на стареење, и благодарение на нив во шестата деценија од животот изгледа многу подобро од своите врснички.

НЕ Е СЕ ВО ПОБЕДУВАЊЕТО

Шерон учествувала на бројни фитнес натпревари и на повеќето места победувала. Сепак, качувањето на подиумот не е она што оваа 56-годишна жена ја мотивира.

„Поентата е да се учествува. На пример, на натпреварот во Лас Вегас го освоив последното место, но кога се качив на сцената, публиката полуде по мене. Тоа беше момент кога самодовербата ми беше толку голема, што се чувствував исто како да е победив. Срцето ми кажуваше дека јас бев најдобрата.“ - вели Симонс.

НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ „НИКОГАШ“

„Прв и единствен пат кога се обидов да конкурирам на местото навивачка, бев осмо одделение. Тоа беше многу тешко искуство за мене, бидејќи мислев дека ништо на моето тело не е доволно добро. Дури кога наполнив 50 години, посакав повторно да го исполнам мојот долгогодишен сон. Така одлучив да одам на аудиција, и тоа беше најлудото искуство во мојот живот“ - вели таа.

НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДРУГИТЕ ДА ВЕ ОГРАНИЧУВААТ

Пријателите, семејството, ја критикувале Шерон за време на нејзината фитнес кариера.

- Во нивните очи, личноста што има над 50 години, треба да седи на столица за лулање. Каде ќе бев јас ако ги слушав нив? Човек мора сам да управува со својот сопствен живот - убедува Шерон.

СТАРОСТА Е СОСТОЈБА НА УМОТ

- Стар си онолку колку што самиот сметаш дека си стар. Зошто да се остариме самите себеси со негативни мисли и пасивност? Се чувствувам како да имам 20 години - вели таа задоволна со себе.

НИКОГАШ НЕ Е ПРЕМНОГУ ДОЦНА ДА СЕ ПОЧНЕ СО ВЕЖБАЊЕ

Возраста не треба да биде изговор за нашата лоша форма. Вежбав 5-6 пати неделно пред да земам личен тренер, пред да решам да одам на натпреварот. За да се мотивирате, треба да размислувате вака: Ова е само мое, и јас го правам ова лично за мене - советува Шерон.

СЕКОГАШ ЦЕЛТА НЕКА ТИ БИДЕ ГЛАВНИОТ МОТИВ

- Не се казнувај ако некогаш скренеш од патот кон целта. Многу полошо е ако не се вратиш никогаш на тој пат. А како да се вратиш на вистинскиот пат уште еднаш ако некогаш застраниш? Чекор по чекор. Малите чекори се клучни - објаснува Шерон.

ОДЛУКАТА ЗА ДА СЕ ПОЧНЕ

Уште од кога постои светот и животот, луѓето се откажуваат од своите соништа за да и се посветат на својата кариера и семејството. Кога децата на Шерон го напуштиле семејното гнездо, немала никакви обврски, па одлучила да ги реализира сите соништа што ги држела 40 години под клуч.

- Не е важно дали е лудо кога ќе се обидете да го следите својот сон. Најдете начин и храброст да го направите тоа. Што е тоа од кое целиот живот се плашеше да го пробаш? Зошто не сега? Можете ли да замислите колку забавно ќе биде ако сите ние се обидеме да го направиме токму она од што најмногу се плашиме?

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...