Wednesday, 10 April 2013 09:11 Занимливости

Никој не може место вас да отиде на тренинг во сала, да купи овошје и зеленчук наместо баничка или пак да прочита книга за вашата специјалност, заборавајќи за вечерните серии. Тоа се ваши лични одлуки кои се однесуваат само на вас. Но, што да правите, ако немате волја да се натерате да направите нешто корисно...

Всушност не се бара многу за тоа - едноставно напнете ги мускулите малку повеќе за да...ја зголемите силата на својата волја. Риз Кан од Националниот универзитет на Сингапур имал не многу хуман, но пак многу интересен експеримент опишан од "The Daily Mail".

Учесниците во обидот требало да ги држат во своите раце во кофа со ладна вода онолку долго колку што можат, да јадат здрава, но ужасна на вкус храна и да ги посетат локалните кафулиња, нарачувајќи си нешто корисно, а не примамливи десерт. При извршувањето на задачите луѓето требало да напрегнат одредени групи мускули - да стиска тупаници, да ја пренесуваат тежината на телото на прстите на нозете (во седечка положба) или пак да стиска силно пенкало меѓу показалецот и палецот.

Секоја од овие вежби е дизајнирана на таков начин што учесниците се однесуваат како да се обидуваат да издржат за нешто. Резултатите покажале дека тензиите во мускулите ги зголемуваат шансите да се изврши задачата. За споредба во експериментот учествувала и контролна група луѓе кои не ги правеле споменатите вежби.

Друго истражување, спроведено од Рон Фридман и Ендрју Елиот од Универзитетот Рочестер (САД) покажало дека учесниците во експериментот решавале два пати побрзо сложени анаграми ако рацете им се скрстени на градите или потпрени на колковите.

Значи следниот пат кога ќе почувствувате дека губите волја за нешто стиснете тупаници, напрегнете ги мускулите на бицепс или стиснете ги силно палецот и показалецот - вашата решителност ќе се врати веднаш!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...