Tuesday, 27 October 2009 20:13 Занимливости
Поранешен менаџер во банка денес е човек со најмногу пирсинзи во светот...

John Lynch на себе „прикачил“ 241 пирс, од кои 150 се на главата и вратот. Освен тоа, овој 78-годишен ексцентричен пензионер поседува и голем број на тетоважи. Иако неговото тело го красат повеќе од 100 цртежи, најдраг му е портретот на Marilyn Monroe која зафаќа поголем дел од неговото торзо.



Господин Lynch, цели 30 години работел како менаџер во британската банка Barclays Bank, и одамна се одрекол од летање со авион затоа што поради големата количина на метал повеќе не може да помине низ скенерите на аеродромите. Првиот пирсинг го направил на 40 години, и тоа на веѓата. За брзо време почнал да ги реди и пирсовите и тетоважите. „На крајот ја напуштив работата во банка, токму поради тоа. Сакав да имам многу пирсови и тетоважи, а тоа не е многу згодно кога работите со луѓе. Сакав да се одделам од групата“ - изјавил Британецот, кој на некој начин и навистина успеал да ја исполни својата желба. Тешко може да не се примети во било која група на луѓе. Неодамна сите пирсови ги покажал на претставник на Гинисовата Книга на Рекорди за да докаже дека има толку пирсови колку што тврди. „ Никогаш не сум размислувал за поставување рекорд. Го правев тоа затоа што ми се допаѓа, но сепак драго ми е што успеав на некој начин да постигнам успех“ - изјавил господинот Lynch кој се појавува во најновото издание на Гинисовата Книга на рекорди.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...