ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 27 October 2009 15:20
Занимливости
Понеделник не е веќе налошиот ден во неделата, бидејќи сите тврдат дека најјакиот стрес на работа го чувствуваат во вторник околу пладне...
Според едно истражување на 3.000 возрасни, вработени британци, покажало дека повеќето од нив во понеделник се обидуваат да го "уфрлат мозокот во работна брзина". Луѓето обично зборуваат дека најлошиот ден во неделата е понеделник, но се чини дека не е така ниту пак кога станува збор за обемот на работа ниту пак кога станува збор за стресот. Кога ќе го надминеме понеделник, во вторник се чувствуваме полошо, тврдат научниците. Луѓето живеат со толку брзо темпо што стресот оди во чекор со тој нерамноправен ритам, посебно кога во прашање е работата. Во вторник во 11 и 45 се чини дека е најтешкиот момент во работната недела, кога вработените чувствуваат вистински товар на работната недела која е пред нив.
Околу 55% од испитаниците признале дека лесно го пребродуваат понеделник, а секој десетти испитаник во понеделник ја одложува работата на тој начин што на Facebook ги прегледува фотографиите од минатиот викенд. Речиси секој петти вработен во вторник доаѓа покасно на работа. Повеќе од половината Британци редовно чувствуваат стрес на работното место. Речиси една четвртина од испитаниците чувствуваат стрес секој ден, а исто толку од нив за стрес ја обвинуваат преоптеретеноста на работата, додека секој петти смета дека стресот е едноставно дел од работата. Околу 12% испитаниците признаа дека напнатоста на работата ја создава шефот, а 9% за напнатоста ги обвинуваат колегите. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|





















