Monday, 01 April 2013 07:50 Занимливости

Денес е 1 април - Ден на хуморот, Ден на шега или Ден на лагата. Многумина сакаат да се пошегуват, да се посмеaт или да изиграат некого, но само во еден ден во годината, тоа не е грев и го прават сите. Таква е традицијата. Првоаприлската лага треба да исполнува еден услов - да не повредува никого...

Празникот доаѓа од Антички Рим, каде во средината на февруари (а не на почетокот на април) го празнувале празникот на Глупците. Има и една друга верзија, според која го должиме овој празник на неаполскиот крал Монтереј, кому по повод запирање на земјотресот, му поднеле риба. По година владетелот побарал точно истата риба. Не нашле таква какава што барал и готвачот му подготвил друга, која многу личи на претходната. И покрај тоа што кралот ја познал замената, тој не се налутил, па дури и се развеселил. Оттогаш станале вообичаени шегите и лагите на 1-ви април.

Во Франција овој обичај го нарекувале "Априлската риба". Потеклото се поврзува со времето на Карл IX, кој во 1564 година издал ордонанс да се пренесе почетокот на годината од 1 јануари на 1 април. Следната година многу од поданиците на кралот им пратиле на своите пријатели новогодишни честитки и подароци во април - во знак на протест, или останувајќи верни на традицијата. Сонцето тогаш се наоѓало во соѕвездието Риби и Французите сметаат дека името "Априлската риба" е целосно достојно за слични шеги. Традицијата уште е жива.

Во Англија 1 април е ден на сите глупаци. Од полноќ до 12 часот на пладне на 1 април секој можел да се шегува, исмејува, да ги изигрува своите пријатели и познаници. Оној кој ќе се фати на вадицата, е пречекан со смеа и извици: "Априлска будала!" Една од најголемите првоаприлски лаги која уште се памети се случила во Лондон во 1860 година, кога неколку стотици англиски господа и дами добиле покани да одат на "годишната свечена церемонија на миење на белите лавови, која ќе се одржи во Тауер во 11 часот наутро на 1 април".

Во Финска денот на забаватз и лагата е градски обичај, но се шири и меѓу селаните. Поврзан е со стариот селски обичај да ги праќаат своите деца да извршуваат шеговит Нарачај за време на сериозна селска работа - кога се меле зрното, се колат животните. Ги праќале децата до соседниот двор да земат непостоечка алатка - стаклени ножици. Соседите божем се "сетиле" дека ја дале алатката на друг, и детето оди кон следниот двор.

Во Германија и Австрија 1 април го сметаат за несреќен ден, а луѓето родени на овој ден се луѓе без среќа. Според преданието на тој ден бил роден Јуда - Предавникот и токму на 1 април Сатаната била избркана од небото. Во селата не работеле, не започнувале нови работи, не ги пуштале домашните животни надвор. Возрасните и децата се лажеле меѓусебно, се испраќале да прават непостоечки работи (на пример, да купат од аптека маст од комарец). Во древноста 1 април го одбележувале само Ирците.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...