Friday, 15 March 2013 09:10 Занимливости

Кравите можат да предвидуваат кога ќе заврне, открија американските научници. Тие откриле дека кравите стојат исправени повеќе кога е жешко, што докажува дека има одредена поврзаност помеѓу однесувањето и времето. Кравите лежат, кога е ладно, а тоа во повеќето случаи навестува врнежи...

Истражувањето ги потврдува верувањата во британскиот фермерски фолклор дека глетката на стадо животни кои лежат во полето, е добар знак дека ќе заврне. Научниците од универзитетите во Аризона и во северозападниот Мисури ја истражувале конкретно температурата на телото на кравите во американскиот запад, бидејќи кога им е премногу жешко, даваат помалку млеко.

Истражувачите откриле дека кравите стојат исправено подолго, кога е жешко, бидејќи тоа им помага да се намали телесната температура. Изложувајќи поголем дел од површината, топлината во телото им се распрснува во воздухот. Кога на кравите им е премногу жешко, тие јадат помалку и произведуваат помалку млеко.

Кравите лежат, кога сакаат да задржат топлина и енергија, а фармерите во особено жешки климатски појаси треба да тераат своите стада да лежат повеќе. Како и секој човек, заинтересиран за метеорологија знае дека на дождот обично му претходи ознаката низок притисок, што лесно може да се мери и е исто така знак дека станува студено. Ако кравите губат топлина, кога стојат, откривањето на појавата на ладно време ќе ги натера да легнат.

Научниците планираат да спроведат нови истражувања како реагираат кравите на други аспекти на времето, вклучувајќи ја влажноста.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...