Friday, 08 March 2013 08:45 Занимливости

И дадовте ли веќе цвет на саканата, на мајка си ... а на директорката? Ако сеуште не сте - побрзајте додека не се стоварил женскиот гнев (и не ја заборавајте мајката на својата сопруга)...

Не знаете кој датум е денес? Овој петок е Осми март - денот на жената. Среќен празник на сите дами!

Дури жените во вашиот живот да не бараат и да не го слават овој ден, ќе бидат многу среќни ако им направите еден мал гест.

Што претставува Осми март
Тој е меѓународен празник и е признание на економските, политичките и општествените достигнувања на понежниот пол.

Во некои држави политичкиот елемент на празникот зема приоритет како и темата за човековите права на жените. На големата застапеност и на политичката и на јавната борба на дамите во светот се гледа одговорно и со надеж.

На други места во овој ден мажите едноставно се посветени на тоа да го негуваат спротивниот пол и да го почитуваат со подароци, изненадувања и се разбира љубов.

Од кога датира празникот
Првиот Ден на жената е одбележан на 23 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Американската социјалистичка партија.

Во почетокот на 20-тиот век наметнува идејата за создавање на празникот, заедно со појавата на турбулентната индустријализација и економска експанзија. Тогаш има голем број протести за подобрување на условите за работа. Календарскиот датум се поврзува со првата масовна манифестација на жени работнички, што се одржа на 8-ми март 1857 година во Њујорк.

Жените од шивалните и текстилните претпријатија излегуваат на протест против лошите услови за работа и ниските плати. Работничките се нападнати и расфрлани од полицијата. Две години подоцна, на истиот месец, овие жени го создаваат својот прв работнички синдикат. Постојат меѓутоа мислења дека овој факт не е потврден, туку бил измислен во 1955 година веројатно со образложение празникот да се оддели од комунистичката идеологија. Тоа е важно за борците кои се борат за правата на жените во Западна Европа и во САД во текот на годините на Студената војна.

Осми март во светот
Се забележува од мажите како им подаруваат цвеќе на жените околу нив - мајки, сопруги, девојки, жени-колеги. Во некои земји се прославува како еквивалент на Денот на мајката, каде што децата прават мали подароци на мајките и бабите.

Во Италија, за да се одбележи овој ден, мажите им подаруваат жолти мимози на жените. Насекаде вечерта дамите организираат женски забави и вечери.

Розата и карамфилот се најподарувани
Според набљудувањата на трговците за 8 март постарите мажи најчесто купуваат каранфили и гербери, а помладите рози.

Трговци се сеќаваат дека во текот на годините за празникот на жената се купувале букети со над 50, па дури и со 101 роза. Имало е претпријатија кои нарачувале над 200 лалиња - за сите жени во колективот. За жал цвеќарите се поретко се радуваат на таквите договори.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...