Thursday, 07 March 2013 14:26 Занимливости

Паметни телефони се дел од секојдневниот живот релативно неодамна и нивните сопственици сеуште се однесуваат како тинејџери - сакаат да ги кршат правилата и да пробуваат нови работи...

Ова е заклучок од истражувањето на аналитичарите од "McCann Truth Central" насловено "Седумте смртни гревови на паметните телефони". Истражувањето е спроведено меѓу 9 илјади сопственици на паметни телефони од целиот свет.

Ненаситност
Ако разгледате во било кој ресторан, ќе видите многу телефони по масите или - во дискретни случај - во скутовете на луѓето. Современиот човек едноставно не може да го испушти телефон од поглед. Всушност 38% од анкетираните призналего  дека користат телефонот и во тоалетот.

Мрзливост
Во моментов не ви се зборува и се правите дека не сте го слушнале телефон? Повеќе од половината анкетирани признале дека намерно игнорирале повик или СМС.

Гнев
Конфронтациите се далеку полесни кога располагате со телефон и можеш да навредите некого во моментот. Двајца од секои десет анкетирани го користеле телефонот за да навредат некого - усно или со гневна СМС порака.

Алчност
И покрај постоењето на солиден број на бесплатни апликации, 29% од испитаниците симнале нешто нелегално. Особено во Кина тој процент изнесува 50%.

Завист
Во доброто старо време, првиот впечаток за некого се базираше на облеката или чевлите. Сега се сé сведува на телефонот. 55% од учесниците во истражувањето изјавиле дека судат за луѓето според изборот на нивниот телефон.

Гордост
Цели 44% од испитаниците велат дека имаат полно право да прават што сакаат со своите мобилни телефони, дури и ако тоа да му пречи на некој друг. Како на пример да прават фотографии со блиц во ресторанот, да пуштаат СМС додека вечераат со некого или пак да слушаат музика на слушалки додека се со пријателите.

Страст
Кога телефонот ви е при рака, искушението да испратите секси СМС порака е преголема. Еден на секои десет добил или испратил текстуална порака со отворено еротска содржина.

Паралелно со тоа статистиката покажува дека испитаниците имале просечно 6,4 апарати во изминатите 12 години и имаат тенденција да го менуваат телефонот или мобилниот опратор на околу 22 месеци.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...