Wednesday, 06 March 2013 09:47 Занимливости

Пред четири години во светот со голема брзина се прошири веста за "Најдобра работа од соништата", натпревар на кој среќниот Британец Бен Соутал излезе како победник...

Тој тогаш ја "освои" титулата чувар на идиличниот тропски остров Хамилтон, а својата работа ја извршуваше шест месеци за плата од 70 илјади фунти месечно. Сега австралиското Министерство за туризам одлучи да го повтори натпреварот, но овој пат во понудата имаат дури шест "најдобри работи на светот".

За работа може да се пријавите ако имате помеѓу 18 и 30 години, а предност имаат жителите на земјите во кои е полесно да се добие работна виза за Австралија, како што се Велика Британија, САД, Канада, Германија, Франција, Италија, Шведска, Хонг Конг, Јужна Кореја, Тајван и Јапонија.

Секоја од понудените работи одредува плата од 100.000 австралиски долари во кои се вклучени животните трошоци, а можете да бирате помеѓу:

Главен забавувач кој пишува писмени забелешки на фестивалите и друштвените случувања, кометира преку Твитер и е вистинска "ВИП личност во Сиднеј".

Чуварот на националниот парк во Квинсленд ја проверува температурата на водата, шета по плажите, ги промовира националните растенија и животни.

"Lifestyle" фотографот фотографира се што го окружува, сите занимливости кои Мелбурн и неговата околина ги прават посебни.

Чуварот на дивината го истражува островот Кангаро, спие со кенгурите, плива со делфините.

Истражувачот на околината ги запознава локалните луѓе, открива возбудливи случувања, авантури и активности за оние кои сакаат да дојдат на работен одмор во Австралија.

Мајсторот дегустатор патува по земјата и ги дегустира специјалитетите, открива ресторани и барови.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...