Monday, 04 March 2013 18:18 Занимливости

Маж од Њујорк исценирал киднапирање за да не мора на девојката да и објаснува каде бил.

Рамел Петвеј (36) пронајден е врзан, со леплива трака преку устата, на еден паркинг во Бруклин. Поминувачите кои го пронашле ја повикале полицијата и Петвеј во станицата ја раскажал својата „потресна“ приказна.

Кажал дека пред две недели е киднапиран на улицата, дека два мажи го ставиле во сино комбе и дека го држале заробен два дена.

„Приказната беше преполна со детаљи, зборуваше дека повремено го тепале, се жалеше на болка во ребрата, се обидуваше да се сети на локациите каде го држеле...“, рече еден од полицајците.

Бидејќи Петвеј не можел ни да ги опише напаѓачите, ниту да каже каде го држале, полицајците станале сомничави. Го притиснале, и признал дека сам се врзал и се „оставил“ на паркингот, затоа што се обидувал да ја избегне девојката.

Петвеј две недели ги избегнувал нејзините повици или обиди да се видат. Ги игнорирал SMS пораките и гласовните пораки, а кога се испаничил, не смел да се соочи со неа.

„Целата шема ја измислил за да има изговор зошто ја ‘кулирал’ својата девојка. Беше патетично“, рече еден од полицајците.

Петвеј е уапсен и ќе биде обвинет за лажирање на киднапирање и пречење на полицијата во нејзината работа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...