ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 26 February 2013 14:28
Занимливости
Ако одеднаш се снајдете во ситуација во која поради некоја причина мора да потрошите голема сума пари, еве како може да го олесните вашиот џеб...
Може да го пробате најскапиот хамбургер на светот во њујоршкиот ресторан "Serendi". "Le Burger Extravagant" чини 295 долари и е изработен од јапонско говедско месо отстоено во масло од бели тартуфи. Освен тоа има сирење, јајца од препелици. Ако ви се чини дека цената не го оправдува Хамбургерот, ќе добиете и чепкалка за заби обложена со дијаманти.
Во Малта може да уживате во најскапата пица. Таа доаѓа од пицерија "Margo" и чини 2 400 долари. За да ја пробате потребно е недела пред тоа да ја нарачате. Покрај сите производи потребни за пица има уште и бели тартуфи.
Најскапата супа пак доаѓа од лондонскиот ресторан "Kai Mayfair" и е позната како "Буда го прескокнува ѕидот". Цената на чинија супа е 190 долари. За да ја пробате треба да ја нарачате пет дена порано. Супата е подготвена од месо од ајкула, школки, печуркина јапонска боја, морска краставица, пилешко, свинско и шунка.
Најскапиот хотдог пак чини 145.49 долари и можете да го купите во Сакраменто.
Најскапиот десерт се нуди во ресторанот "Serendipity" во Њујорк. Замрзнатиот чоколаден десерт "Haute" чини 25 000 долари и е мешавина од 28 видови какао, од кои 14 се најскапите во светот. Украсен е со златни украсни парчиња, кои може да се консумираат. Служи во златна чаша и заедно со тоа добивате ракавица од 18-каратно злато со дијаманти од еден карат. Секако оваа чоколадна магија се консумира со златна лажичка.
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|



























