Friday, 15 February 2013 12:38 Занимливости

Доделувањето на Оскарите е закажано за 24 февруари. Се гланцаат статуетките, се шијат фустаните, но и се меси, се вари, се пече... за така наречениот Гувернеров бал кој традиционално се одржува по церемонијата на доделување.

Кога ќе се заврши официјалната церемонија на доделување во Кодак театарот во Лос Анџелес, добитниците на Оскар, но и номинираните и останатите избрани гости, вкупно 1.500, ги очекува така наречениот Гувернеров бал и разни вкусни деликатеси.

Што подготвиле овој пат познатиот кувар Волфганг Пак и неговите 300 кувари? Повеќе од 50 различни јадења!

Актерките кои биле на макотрпни диети за опуштено да се перчат на црвениот тепих, сега ќе можат да навалат на неколку различни салати: од зелка, цвекло, јапонска бресква, артичок, целер и ореви... на разна риба: чаден јастог, филети туна... на пилешка пита, тартуфи, но и неколку видови италијанска пица.

Но, на крај, она по што Волфганг Пак е познат, кој веќе 18 години ги „храни“ оскаровците, чоколадни фигури Оскар полиени со златен прав.

И сето тоа ќе го служат 650 келнери.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...