Monday, 11 February 2013 09:06 Занимливости

Сигурно како деца мислевте дека никогаш нема да бидете како своите родители и да нема да ги повторувате грешките, кои ти ги правеле кон вас, но за жал, и вие одите по нивниот пат, за да учите од сопствените грешки...

Кои се најчестите грешки кои ги дозволуваат родителите спрема децата?

Забораваат дека се модел за имитација
Како сакате вашите деца да бидат воспитан, добри и безгрешни, кога вие не сте. Запомнете дека сте пример за имитација за своите деца, па надминете ги своите испади на лутина и желба да упатувате пцовки на адреса на соседот и ослободете се од непријатните навики како чешање, ждригање и сите слични навики.

Рамнодушност кон работи кои се важни за детето
Неизбежен е моментот во кој децата почнуваат да имаат сопствено мислење и да се обидуваат да се наметнуваат, да се бунтуваат, да војуваат за своите интереси најчесто со своите родители, кои секогаш се контра. Но, во даден момент и на нив е доста и едноставно креваат раце, велејќи "Прави што сакаш, мене не ме интересира повеќе!" Со тоа детето почнува да се чувствува одбиено, станува гневно и доаѓа до заклучок дека треба да ве казни заради рамнодушноста. Потоа следуваат критика и каза, кои уште повеќе разгневуваат детето.

Претерана строгост
Воведувањето забрана по забрана го тера детето во еден момент да се чуди има ли воопшто нешто што му е дозволено. Тоа слуша само "Не!". Треба да пристапите со разбирање кон детето за да ве разбере и тоа вас и зошто некој нешто му забранува. Во спротивно ќе прави се што му е забрането зад вашиот грб. И наместо да повторувате само "Не!" Размислете дали не е добро понекогаш да му кажете и "Браво!"

Галење
Недостатокот на каква и да е строгост пак, во комбинација со исполнување на секоја детска желба, може да ви одигра лоша шега за во иднина.

Воспитување преку насилство
Насилството е погрешно начин да му кажете на детето дека згрешило. Така го понижуваате, го правите гневно, тоа се чувствува несакано и на инат прави токму она што не сакате да го прави. Значи цашата претставата дека со војна ќе го вразумите детето и ќе го научите што може, а што не, што е добро, а што не, е апсолутно погрешна.

Големи планови за децата
Има многу родители кои сакаат нивното дете да биде гениј, да може 100 работи и да ги постигне непостигнатите соништа на родителите. И во врска со ова родителите ги запишуваат децата на часови по музика, спорт, јазици и што ли уште не. Така ги трошите најубавите детски години и го терате детето да се чувствува неспособно и виновно ако не може да свири добро на виолина, на пример.

Недостаток на бакнежи
Во обид да ги воспитат децата подобро и да не ги разгалат, родителите забораваат дека на прво место е важно да ги сакаат своите деца и да ја покажуваат љубовта со прегратки, бакнежи, милувања. А љубовта е суштински дел од доброто воспитување.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...