Friday, 08 February 2013 13:03 Занимливости

Австралиски научници веруваат дека откриле зошто е толку тешко да кажте "извини". Одбивањето да се извиниме значително ја зголемува нашата самодоверба. Колку и тажно да звучи, се чини недостатокот на грижа има психолошки ефект да не натера да се чувствуваме посилни отколку што всушност сме...

Д-р Тејлор Окимото од Универзитетот во Квинсленд, Австралија, направил детално истражување зошто луѓето често одбиваат да кажат извини, дури и тоа да е соодветниот одговор.

Тој побарал од 200 луѓе на возраст меѓу 17 и 77 години да се стават во ситуација во која ќе навредат некого, а потоа да се извинат, да навредат некого и потоа да одбијат да се извинат и во ситуација во која навредиле некого и ниту се извиниле, ниту одбиле да го сторат тоа. Учесниците, кои одбиле да се извинат, изјавиле дека се чувствуваат посилни и со поголема самодоверба од оние кои избрале да покажат помирување.

При вториот експеримент една третина од учесниците испратиле мејл за да се извинат навистина на некого, друга третина испратиле мејл во кој одбиваат да се извинат, а останатите треба да размислат за ситуација во која погрешиле, но не направиле ништо. Научниците повторно утврдиле дека луѓето кои одбиле да се извинат, имале многу повисока самодоверба од другите учесници.

"Резултатите од двете истражувања даваат убедливи докази дека постојат поволни психолошки последици за луѓето кои одбиваат да се извинат на жртвите на нивните навреди", истакна д-р Окимото.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...