Wednesday, 06 February 2013 17:01 Занимливости

Facebook профилите можат да се користат како увид во нашето ментално здравје, покажало едно истражување.

Истражувачите на Универзитетот Мисури утврдиле дека на основа на тоа колку и на кој начин се занимавате со својот Facebook профил, може да се утврди вашата психичка состојба.

Истражувачите анкетирале повеќе од 200 студенти за да ја измерат нивната екстровертност, а потоа им е понудено да ги испечатат своите Facebook активности.

„На основа на тоа што одлучиле да сокријат, а што да печатат и да поделат со другите, проценета е нивната психичка состојба“, кажа Елизабет Мартин, една од истражувачите.

Студентите кои се проценети како личности кои не се задоволни со својата комуникација со другите, кои се склони кон чудни верувања, повлекувањето во себе, не сакале да ги печатат сите фотографии од својот профил и биле многу ограничени во делењето на своите Timeline активности со другите.

Оние кои се окарактеризирани како параноични, имале голем број на блокирани активности од другите корисници, како и барања за пријателство.

„Интернетот е како роман за вас кој на некој психолог може да му даде прилично прецизен извештај за вашата психичка состојба. Поради вистинската или измислената перцепција на анонимност, Facebook дозволува единствен пристап во психата на корисникот. Вашите јавни, ‘усмерени’ информации, многу зборуваат и за вашиот живот во реалниот свет“, вели Елизабет Мартин.

Таа исто така додава, дека ова истражување е само првиот чекор на психолозите и терапевтите во користењето на социјалните мрежи за лечење на одредени психички пореметувања.

„Facebook профилот може да ја дополни клиничката слика на пациентот, но не смее да биде единствен извор на информации при дијагноза и понатамошно лечење“, предупредува професионалецот.

Значи, внимавајте што објавувате на вашиот Facebook.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...