Wednesday, 06 February 2013 16:34 Занимливости

На девојчињата во тинејџерска возраст другарките имаат посилно влијание од телевизијата или списанијата.

Иако во последно време често се зборува за погубното влијание на медиумите врз децата, извор на најсилно влијание и притисок врз тинејџерките се - нивните другарки, покажало истражување кое неодамна е спроведено во Америка.

Во истражувањето целта била да се утврди дали посилно влијание врз младите имаат медиумите или врсниците. Во истото учествувале 237 девојчиња на возраст меѓу 10 и 17 години, а психолозите следеле колкаво е нивното задоволство со животот и дали страдаат од некое пореметување во исхраната. Одговарале на прашања во врска со зачестеноста на користењето на социјалните мрежи, а требало да се изјаснат и како се доживуваат самите во однос на врсничките, кога станува збор за физичкиот изглед.

Излегло дека девојчињата кои не се задоволни со својот изглед тоа не ги мачи поради фотките од манекенки со кои медиумите ги „бомбардираат“, туку поради ставот на врсниците.

„Најголемо влијание на формирањето на сликата за сопственото тело во тинејџерската возраст имаат врсниците од опкружувањето, а не медиумите. Освен тоа, на голем притисок децата се изложени и на социјалните мрежи, на кои се ‘борат’ за внимание, што само ја поттикнува конкуренцијата меѓу врсниците“, вели д-р Кристофер Фергусон од Универзитетот во Тексас кој бил шеф на истражувачкиот тим.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...