Monday, 04 February 2013 11:13 Занимливости

На некои луѓе не им се доволни "свила и кадифе" ниту било каков луксуз кој го нудат современите хотели. Тие сакаат нешто сосема поразлично...

1.Palacio de Sal, Боливија
Palacio de Sal значи "Палата од сол" и изгледа баш така. Се наоѓа на неколку стотици километри јужно од Ла Плаза и се во овој хотел - од тавани до мебел - е направено од сол.

2.Hotel Kakslauttanen, Финска
Приватниот игло Hotel Kakslauttanen е направен од посебно термално стакло кое не пропушта ладен воздух а при тоа овозможува да уживате во спектакуларниот поглед на Аурора Бореалис од удобноста на креветот.

3.Propeller Island City Lodge, Германија
Во овој хотел не постојат две исти соби. Можете да престојувате во најразлични ентериери - од петоаголни простории декорирани со огледала до реплики на затворски ќелии.

4.Marina Bay Sands, Сингапур
Ако барате прекрасен поглед, Marina Bay Sands е вистинскиот избор за вас. Тој хотел има вештачка пустина и преубав базен кој се наоѓа на 57 спрат.

5.Chole Mjini, Танзанија
Chole Mjini се наоѓа во паркот на истокот од Африка и се состои од седум едноставни куќички на дрвја каде можете да се почувствувате како да сте последниот човек на земјата.

6.Sala Silvermine, Шведска
На 155 метра под земјата се наоѓа соба инспирирана од рудник. Веројатно е една од најнеобичните во светот.

7.The Original Hut Company, Англија
Ако сакате да уживате во шармот на британското село, поминете ја ноќта како овчар во рачно изработена колиба на англиска фарма.

8.Attrap’Reves, Франција
Спијте под отворено небо без страв од комарци или влага. Имено, Attrap’Reves ви нуди да преноќите во соба во облик на балон и да се почувствувате како дел од природата.

9.Sheepwagon Hideouts, Небраска
Овој хотел е инспириран од дивиот Запад, па така може да престојувате во вистинска приколка.

10.Hotel Costa Verde, Коста Рика
Ако барате начин вашето патување во џунглата Коста Рика да го направите уште подобро, посетете го хотелот Hotel Costa Verde, пред кој на високиот носач се наоѓа Boeing 727 од 1965 година.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...