Wednesday, 23 January 2013 09:38 Занимливости

Британките ќе изгледаат највозрасно во времето за попладневен чај денес. Денес точно во 15,30 часот дамите треба да навалат на кремот против брчки и на шминката, покажува истражувањето на Островот...

Причината е дека тоа ќе биде времето во кое нивото на енергија драстично ќе се намали, стресот предизвикан од комбинација на работата и семејниот живот го достигнува врв, а последиците од забавата до доцна во текот на викендот се чувствуваат најчувствително. 12% од Британките сметаат дека среда е најстресен ден од седмицата, а 20% се толку зафатени што работат и за време на одморот за пауза.

Но, во четвртокот дамите го враќаат младешкиот сјај, зашто во тој ден тие најчесто наоѓаат време за романтика. Петок, последниот работен ден од седмицата, е омилен на 60% од анкетираните жени. Истражувањето на компанијата за спреј за тен "Сен Тропе" може да утврди дека жените изгледаат највозрасни во средината на неделава, кога намалувањето на енергијата и тестирањето на вино за викендот се одразуваат на кожата, бидејќи телото работи дополнително за да ги одврати токсините.

"Комбинацијата од највисокото нивоа на стрес во текот на неделата во среда и падот на енергијата во попладневниот период објаснува зошто жените изгледаат постари од реалните години. Потребни се 72 часа за да излезат на виделина последиците од алкохолот, па ефектот од пиењето во текот на викендот може да не се појави до среда попладне", изјави претставничката на "Сен Тропе" Никола Џос.

Над 1/3 од жените изјавиле дека спијат најлошо во понеделникот вечер. "Последиците од недостатокот на сон се појавуваат на лицето по 48 часа, така што, ако жените спијат лошо во понеделникот, тие изгледаат највозрасни во среда", додава Џос.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...