Monday, 21 January 2013 17:09 Занимливости

Ние и веруваме, ама судот не.

Младиот пејач Џастин Бибер добил на судот во спорот со жена која го тужела поради трајно оштетување на слухот, и во име на тоа барала девет милиони долари.

Стејси Бетс во тужбата навела дека морала да ја однесе ќерката на концерт на Бибер во јули 2010 година и дека тогаш претрпела непоправливо оштетување на слухот.

Бетс, самохрана мајка од Орегон, го тужела Бибер, неговата издавачка куќа, организаторите на концертот и арената во која е одржан за неверојатни девет милиони долари. Таа изјавила дека поради врескањето на девојчињата на концертот изгубила значителен процент од слухот, и дека постојано страда од „ѕвонење“ во ушите.

Бетс вели дека и пукнале ушните тапани од врескањата на девојчињата на концертот, а дека за сето тоа бил виновен Бибер кој „излегол на бината во гондола во облик на срце, и со рацете им покажувал посилно да викаат“.

Тужбата ја поднела минатото лето, а судот сега ја отфрлил како неоснована, затоа што не можела да поднесе медицински докази кои би го потврдиле нејзиното тврдење.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...