Thursday, 17 January 2013 08:52 Занимливости

Една корисничка на "Reddit" здогледала занимлива порака влегувајќи во женскиот тоалет во својот универзитет...

"Во женскиот тоалет на мојот универзитет, девојките на ѕидот имаат испишано некои од своите најлоши искуства во животот. Оваа недела, некој им одговори", напишала и ја објавила фотографијата од споменатата порака која веднаш станала хит на "Reddit" и почнала да се шири на друштвените мрежи собирајќи илјадници лајкови.

Во пораката пишува:

За девојката која е силувана: Силна си. Не можам да ја замислам болката низ која си поминала. Самиот факт дека си имала храброст да го споделиш тоа (дури и ако се работи за ѕид), ми дава надеж.

За девојката која има пореметувања во исхраната: Ти ветувам, иако не те знам, прекрасна си, заслужуваш здравје. Заслужуваш да се ослободиш од тој пекол.

За девојката чиј татко е алкохоличар: Жал ми е поради агонијата која ти ја предизвикал. Повторно, таквата храброст е за восхит и мора да бидеш силна личност за да преживееш толкава болка.

За девојката чиј татко починал: Никогаш нема да престане да ти недостасува. Болката на неговото отсуство никогаш не заминува. Но љубовта која сте ја имале и среќата која сте ја споделувале и понатаму сигурно мора да траат. Сигурна сум, во длабочината на срцето, дека луѓето кои те напуштиле се горди на тоа каква личност си.

Секој пат кога ќе го видам овој ѕид, се чувствувам почестено поради привилегијата која ја добив гледајќи го. Вашите моменти и овие тајни, се драгоцени иако се тажни. На сите вас (а ова ги вклучува и оние кои не сум ги споменала и оние на кои сеуште не сум одговорила)

- вредите
- силни сте
- храбри сте
- ве сакаат
- некој се грижи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...