Tuesday, 06 October 2009 20:30 Занимливости
Таму каде што има најмногу туристи има и најмногу крадци...

Туристичкиот сајт TripAdvsior направи листа на десет најдобри места, каде што има најголема опасност од крадци.

Кражбите понекогаш се многу интересни, крадците режираат цели сцени за да го привлечат вниманието на туристите.

Европските градови доминираат на листата. Еве ги топ десетте:



1. Лас Рамблас во Барселона, Шпанија
Лас Рамблас е долга пешачка улица, полна со туристи, улични музичари и продавачи во секое време на денот и ноќта.

2. Рим, Италија
Особено опасно е околу фонтана Треви и Колосеумот. Крадците понекогаш режат ремени на торби и фотоапарати, а кога ќе почувствувате дека товарот ви е полесен од вообичаеното веќе е доцна - професионалците се исчезнати во толпата.

3. Прага, Чешка
Меѓу-ризичните места се Charles Bridge, Замокот, како и кејот покрај реката Волтава.

4. Мадрид, Шпанија
Крадците се најактивни во метрото, на пазарот Ел Растро и во музеите.

5. Париз, Франција
Метрото е опасно, следат туристички атракции.

6. Фиренца, Италија

Градот е полн со уметнички дела, кои го апсорбираат целото внимание на импресионираните туристи. Запомнете дека додека вие се воздишувате на скулптура на Микеланџело, некои луѓе се на работа.

7. Буенос Аирес, Аргентина
Еден од проблемите на инаку прекрасната аргентинска престолнина се птиците кои од време на време "испуштаат" непријатни работи на туристите. Тоа во основа е многу успешен трик кој крадците го користат. Додека вие се чистите од изметот на птицата ви доаѓа љубезен граѓанин, локален жител кој ви помага во чистењето на облеката. Кога ќе си замине, ќе забележите дека и џебовите ви се исчистени.

8. Амстердам, Холандија
Амстердам не е шумен, како повеќето познати дестинации. Амстердам импресионира со спокојната атмосвера и прекрасните канали. Едноставно се чудите кога успеале да ве оберат без воопшто да почувствувате.

9. Атина, Грција
Нај опасен е Акрополот, како и другите историски белези.

10. Ханој, Виетнам
Најголем ризик е стара населба, која е полна со споменици, околу кои секогаш има многу туристи. Во градот има околу 600 верски храмови, што го прави рај за крадците.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...