Thursday, 10 January 2013 18:04 Занимливости

Сагата за Кристијан Греј и Анастасија Стил ќе биде испечатена и во верзија со тврди корици.

Иако обично е обратно - книгите прво се објавуваат со тврди корици, па потоа со меки и дури тогаш стануваат бестселери, трилогијата „Педесет нијанси“ на британската писателка Е. Л. Џејмс го имаше сосема спротивниот пат.

„Педесет нијанси на сиво“ е прераскажување на фан приказната „Господар на мојот универзум“, која е напишана од Џејмс, а е инспирирана од „Самрак сагата“ од Стефани Мајер. Оригиналните имиња на Кристијан Греј и Анастасија Стил всушност се Едвард Кален и Бела Свон.

Меѓутоа, откако приказната на Џејмс доживува огромен успех на интернет, таа ги менува имињата на ликовите и местата на случувања, и ја објавува „Педесет нијанси на сиво“ како електронска книга, која станува вистински хит на бестселер листите за е-книги.

Потоа, книгата е за прв пат испечатена со меки корици во Австралија, а наскоро после тоа станува голем хит и во Соединетите Американски Држави.

Сега, на 29 јануари за прв пат, „Педесет нијанси на сиво“, „Педесет нијанси помрачно“ и „Педесет нијанси ослободени“ ќе биде објавена со тврди корици, и малку променет дизајн на кориците.

Совршен подарок за сите љубители на жешката садо-мазохистичка еротика која го завладеа светот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...