Wednesday, 09 January 2013 12:36 Занимливости

Ова е дел од најпознатите улици ширум светот, кои доколку имате можност нема да згрешите ако ги посетите. Тие не некој начин успеале да се истаканат и да станат светски познати во однос на другите. Зошто и како го добиле епитетоt "најпознати"...

1.Лас Вегас Стрип (Las Vegas Strip)
Лас Вегас Стрип, со својата уникатна атмосфера, несомнено е една од најпознатите улици во светот. Таа се наоѓа во меката на коцкање - земјата на казината, романсата, мистериите, а за некои и големите пари. Лас Вегас Стрип поседува една нереалистична атмосфера која може да ги измами непредпазливите во нивните фантазии. За едно вистинско бегство од реалноста и незаборавно искуство, упатете се кон улицата на славните!

2.Ејби Роуд (Abbey Road)
Можеби една од најпознатите улици препознатливи во Англија е токму Ејби Роуд во северен Лондон (и поточно St. John's Wood). Таа ја должи својата слава на славната музичка група - The Beatles. Студиото на улицата е местото каде што Џорџ, Џон, Пол и Ринго создале дел од легендарните песни.
Сликата која е користена за обвивката е снимена на оваа улица и ја покажува групата, како ја преминуваат улицата одејќи кон студиото.

3.Улица Ломбардија (Lombard Street)
Ако сте во потрага за најискривената и стрмна улица на светот, треба да го посетите Сан Франциско. Оставете го вашиот автомобил и прошетајте по улицата Ломбарди. Таа се наоѓа помеѓу улиците Hyde и Leavenworth, а во рамките на еден пресек има не помалку од осум остри кривини. Ова е направено со цел да ги ограничи природните стрмни падини на ридот, а во овој дел од улицата дозволено е да се вози само 5 километри на час!

4.Волстрит (Wall Street)
"Големото јаболко" го претставува срцето на финансиската берза на САД, која е основана во 1817 година. Волстрит го добива своето име од Холанѓаните, поради еден ѕид, изградена тука во XVII век. Оваа светски позната улица е тесна и се вие надолу од Бродвеј до Ист Ривер. Таа ја освоила својата репутација и светско признание како американското олицетворение на големиот бизнис и трговија со хартии од вредност.

5.Виа Долороса
Виа Долороса (Via Dolorosa) или "патот на тагата" е улица, која се наоѓа во стариот дел на Ерусалим. Се состои од два дела и ги следи стапките на Христос на патот кон распетието. Со векови овој пат е предмет на многу дискусии, но различни археолошки откритија во XX век покажуваат дека еден малку поинаквиот пат е реален. Сепак, Виа Долороса останува на свето место за поклониците, кои го посетуваат.

6.Ла Рамбла
Ова е оживеаната и динамична улица во Барселона, на која ќе видите повеќе туристи отколку локални луѓе. Шопинг по оградената со дрвја улица се промени во текот на годините за да им угоди на посетителите. Денес улицата ги привлекува не само трговците и туристите, но и доста крадви кои бараат невнимателни луѓе. Значи, уживајте во атмосферата, но не заборавајте будно да си ги чувате предметите!

7.Кхао Сан (Khao San Road)
Ова е една од најпознатите улици меѓу туристите во Бангкок, особено поради најевтините места за спиење, кои ќе ги најдете тука. Таа се наоѓа на околу еден пресек од реката Чао Праја, а Khao San во буквална превод значи "мелен ориз". Името е поврзано со историјата на местото кое предходно било пазар за ориз.

8.Орчард Роуд (Orchard Road)
Една од најпознатите улици во далечниот Исток е Orchard Road - главната шопинг дестинација на Сингапур. Улицата е полна со трговски центри, ресторани, кафулиња, ноќни клубови, хотели и уште и уште. Тука дури и ќе се судрите со официјалната резиденција на претседателот на Сингапур!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...