Tuesday, 08 January 2013 09:07 Занимливости

Во просек трепкаме меѓу 12 и 20 пати во минута, а за тоа време нашиот мозок е "на пауза"...

Кога трепкаме, нашиот мозок влегува во режим на мирување, така да мислите слободно може да "лутаат". Овие неопходни мали ментални паузи можат да траат дел од секунда или неколку секунди, во зависност од ситуацијата, а потоа нашето внимание се обновува во целост.

Трепкаме, во просек меѓу 12 и 20 пати во минута, така што очите ни се затворени околу 10% од времето кое го минуваме во будна состојба. Трепкаме за површината на очите да ја одржиме влажна, но и затоа што на мозокот му е неопходно повремено да се "исклучи", велат јапонски научници.

Резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетот во Осака покажува дека таа мала ментална пауза ни е неопходна за да можеме да се сконцентрираме на она што го правиме. Скенирањето на мозокот и следењето на протокот на крв покажало дека во моментот кога трепкаме деловите од мозокот задолжени за одржување на вниманието моментално се "исклучуваат", а мозокот преминува во краткотрајна фаза на мирување, за штом ги отвориме очите нашето внимание целосно се обнови.

Кога читаме книга или слушаме што ни зборува некој, трепкаме обично на крајот од реченицата, а ако гледаме филм, трепкаме во моментот кога глумецот ќе "излезе" од кадар или се промени аголот на камерата. По тој мал "одмор", подготвени сме со целосно внимание да продолжиме да ја следиме работата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...