Wednesday, 02 January 2013 17:46 Занимливости

Шампањското и Новата година одат заедно, пукањето прскалки и жестоките пијалоци. Ако не сте знаеле, со тоа што ги предизвикува меурчињата во чашата на шампањското се занимава независна гранка на науката наречена „меурологија“.

„Шишето е отворено. Шампањското под одреден агол се сипа во чашата за да не се исполни пребрзо со меурчиња. Пијалокот се сипа до половина од чашата. И тогаш гледаме богат слој меурчиња кои блескаат“, објаснува еден трговец со вино од Берлин.

Што точно се случува во нашата чаша кога пукаат меурчињата во чашата шампањско? На тоа прашање одговара Матијас Дрис, професор по хемија на Техничкиот универзитет во Берлин. Дрис открил дека еден француски колега меурчињата од шампањското ги ставил под лупа на микроскоп. Така незабележливо се развила научната дисциплина чие име тогаш уште не било измислено.

„Некој може да се смее, но тоа се нарекува меурологија.“

Значи, што се случува кога ќе го отвориме шишето шампањско и кога ќе пукне отварачот на шишето кое се наоѓа под притисок од пет и пол барови, околу два пати повеќе во автомобилските гуми? Овде може да се набљудува физика на дело, вели Матијас Дрис.

„Кога ќе го отворите шишето шампањско, веќе сте виделе дека околу капачето има вистинско облаче од магла, а тоа не е ништо друго освен јаглероден-диоксид кој е ладен и тогаш воздухот се кондензира и се обликува во капки. Тоа е она што го гледаме при отварањето на шишето шампањско.“

Многу подолго трае одвојувањето на јаглеродниот диоксид од шампањското. Ако гледате во чашата шампањско ќе забележите дека меурчињата настануваат обично на одредено место и од таму се качуваат кон врвот. Кај минералната вода е поинаку. Меурчињата се качуваат без никаков ред и се многу поголеми, објаснува Матијас Дрис.

„Тврдината на водата, калциумот, магнезиумот и натриумот одлучуваат за големината на меурчињата.“

Кога пиеме шампањско чувствуваме пецкање на јазикот. При тоа не се работи толку на контаткот на јазикот со меурчињата гас. Наместо тоа, шампањското продира длабоко во јазикот каде еден ензим го зголемува чувството на пецкање. Поради тоа луѓето кои земаат одредени лекови кои ја исклучуваат функцијата на ензимот имаат чувство како да пијат изветреано шампањско.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...