Monday, 31 December 2012 18:11 Занимливости

За време на празниците немојте да заборавите да ја декорирате детската соба. Активно вклучете го и детето затоа што на тој начин ја развивате неговата креативност.

Периодот за Нова година и Божиќ за многу е најубав во годината. Семејството е заедно, сите обврски се оставаат „на страна“, додека свечената атмосфера - со изобилство на добро расположение и убави желби, е дел од секој дом.

Декорирањето на куќата или станот е неизоставен дел од празничната атмосфера, при што стиловите и начините на декорирање се различни.

Новогодишното и божиќното дрвце традиционално се украсува со лампиони, свеќи, машни, украсни траки, слатки... Популарни се и ламбичките - мали разнобојни светилки на струја. Со оглед на тоа што постојат елки во различни големини, станот ќе го украсите во склад со просторот со кој располагате: така, на пример, голема елка можете да поставите во дневната соба, а помала во детскта соба, или обратно.

Просторот за украсување во детската соба може да биде во склад со возраста на детето. Ако се работи за помало дете, украсете помала елка и поставете ја на одговарачко високо место во собата. За тоа најчесто може да послужи некоја полица, масичка, дел од орманот и слично. Треба само да водите сметка елката да е надвор од дофатот на детето. За предучилишно дете или дете од училишна возраст, можете да украсите елка со средна големина.

За елката да биде ефективно украсена, не треба да биде премногу шарена. Китењето на помала елка се препорачува за соба на бебе или за дете од помала возраст. Во главно станува збор за вештачко дрвце кое можете да го користите повеќе години. Таквата елка се украсува со помали, разнобојни лампиони, од различен дизајн. На неа можат убаво да изгледаат машни, светли траки и ламбички. Ова е стандарден, „униформиран“ начин на украсување на елка, кој се повторува од година во година, и кого сите го применуваат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...