Saturday, 22 December 2012 16:37 Занимливости

Научниците од Универзитетот во Бристол, проучувајќи ги остатоците од керамичките садови во Полска, пронашле докази дека сирењето прв пат е произведено пред најмалку 7.500 години.

До сега професионалците не беа сигурни дали 34 керамички сита се користеле за производство на сирење, пиво или мед, но хемиската анализа покажала присуство од остаток на млечни масти, што укажува на тоа дека ситата се користеле за раздвојување на сирењето од грутките во процесот на произведување на сирење.

„Постојат многу уверливи форензичарски докази дека пронајдените садови имаат врска со производството на сирење“, вели Ричард Евершед, научник од Универзитетот во Бристол, кој заедно со групата колеги спровел анализа.

Евершед и колегите не биле сигурни какво млеко е користено за производството на сирењето, но додал дека во близина на наоѓалиштето е пронајден голем број на коски од крави.

До откритието на керамичките садови во Полска професионалците сметале дека сирењето за прв пат е направено во Турција пред околу 2.000 години, но немале дефинитивен доказ за тоа.

Професорот по нутриционизам од Универзитетот во Вермонт, Пол Киндштет, кој не учествувал во студијата, изјави дека откритието на процесот за производство на сирење имал голема важност за луѓето во периодот на неолитот затоа што им овозможувал млекото да го претворат во облик кој ќе им ги обезбеди неопходните калории, протеини и минерали.

Во тој период возрасните жители во главно биле нетолерантни на лактоза, протеин од млекото, па правењето на производ со помалку лактоза, како што е сирењето, на сите им овозможувал да уживаат во хранливите состојки од млекот, истакнал Киндштет, кој додал дека првото сирење личело на сремското сирење.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...