Странските народи знаат како да си создаваат празнично расположение, со што го прават животот малку безгрижен и блажен. Затоа, ако атмосферата кај нас не ви се чини доволно божиќна, послужете се со инспирација од најпразничните градови во светот...

Рованиеми, Финска
Иако во административната престолнина на провинцијата Лапландија празникот никогаш не завршува, со падот на поларната ноќ таа се претвора во вистински свет на чудата. Почетокот на божиќните празници се става во првата недела на декември со т.н. Прв адвент (од вкупно 4), по кој децата ги одбројуваат преостанатите денови до Божиќ со посебни календарчиња. На улиците се шири неодоливо празнична атмосфера која остава чувство на потопување во една друга реалност.


Рејкјавик, Исланд
И покрај ниските температури (Рејкјавик е северната престолнина во светот) бегството од божиќниот дух во исландската престолнина е невозможно. Тој се сместува во градот уште во крајот на ноември со свеченото палење на елката на градскиот плоштад. Следат божиќни песни под отворено небо, отворањето на новогодишната или божиќната населба за подароци и традиционална храна, распоредувањето на божиќните чаршии со сите нивни искушенија, и пречекот на секој од 13-те Дедо Мразовци (во периодот 12 - 25 декември). Тука празничната сезона завршува дури на 6 јануари со бучни забави и танцување во чест на митолошки суштества.


Нирнберг, Германија
Домаќин на една од најголемите и најпопуларни Божиќни чаршии во светот, Нирнберг се смета и за еден од најпразнични градови во Германија. Секоја година во сјајот и декорот уживаат над 2 милиони посетители, кои се возат на вртелешка, Виенското тркало и вовчиња, купуваат храна, вино и сувенири и се гоштеваат со традиционални деликатеси. А потоа се потопуваат во новогодишното или божиќно расположение на градот.


Виена, Австрија
Верна на својата сјајна царскиот култура, австриската престолнина изразува љубовта кон божиќно-новогодишните празници по еден особено волшебен начин. Традиционални чаршии, добро осветлените новогодишни елки и светилките на дрвјата му даваат на градот романтика и старомоден шарм. Дење и ноќе туристите и локалните жители се забавуваат со класични концерти, коњчиња, вртелешки и спортски атракции. А воздухот е збогатен од заводливата арома на печени костен, слатки и топол пунч.


Њујорк, САД
Градот кој никогаш не спие, станува уште посјаен и подинамичен со приближувањето на Божиќ. За многу Американци празничната сезона започнува со палењето на илјадниците светилки на спектакуларната елка пред Рокфелер центарот (традиција почитуваат од 1931 година). Опфатени со расположение децата и возрасните ги исполнуваат продавниците во Медисон авенијата, пеат божиќни песни на Тајмс Сквер и лизгаат на лизгалиште.Во парковите и градините се организираат спектакуларни шоу-емисии.

