Tuesday, 11 December 2012 17:24 Занимливости

На Универзитетот во Кил биолозите за истражување на клетки го откриле таканаречениот ген на долговечноса кој одлучува за тоа како старееме. Почетната точка на истражувањето било суштество кое е речиси бесмртно - хидрата.

Хидрата е животно со големина од еден до два сантиметри кое живее во слатка вода. Таа е вистинско чудо - повеќе од 100 години ги фасцинира научниците. Околу 600 милиони години се нема менувано и носи наследни елементи од многу посложени суштества.

„Хитрата има специјални матични клетки кои постојатно можат да се делат. Тие не ја губат способноста за делба. Кај нас луѓето, и поголемиот број од останатите суштества, тоа не е случај. Со тек на време се намалува способноста за делење на матичните клетки за, со тек на време и целосно да престане. И затоа ние старееме. Кај хидрата, тоа не е случај“, објасни микробилогот Ана-Марај Бем.

Станува збор за таканаречениот FOX-O ген. Уште во 2009 година научниците спровеле истражување меѓу 388 стогодишници и утврдиле дека кај нив посебно активен е FOX-O генот. На биолозите им станало јасно дека постои врска меѓу долговечноста кај луѓето и бесмртноста на хидрата.

Освен тоа утврдено е дека матичните клетки без генот FOX-O преземаат други задачи. „А тоа е стареењето. Кожата на старите луѓе изгледа поинаку од кожата на младите. Косата опаѓа и белее. Сето тоа се проблеми на матичните клетки. Стареењето е проблем на матичните клетки, ги губиме матичните клетки, а со нив и способноста за обнова“, вели еволутивниот биолог Томас Бош.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...