Wednesday, 28 November 2012 09:18 Занимливости

Калориите (поточно нивниот број) се опсесија на многу жени кои сакат да изгубат од својата тежина па секој ден панично ги бројат, но тие не претставуваат ништо лошо, велат стручњаците. Со нив едноставно треба да знаете добро да управувате и опуштено да ги држите под контрола. Порталот Hello Beautiful поразговарал со докторката Kimberly Lummus која објаснила што се треба да знаеме за калориите...

1.Калориите се енергија
Калориите ја означуваат енергијата која ја внесуваме преку храната и пијалокот па затоа се повеќе од потребни за секојдневната работа на организмот.

2.Не постојат "лоши калории"
Зборувањето за "лошите калории" е мит, вели докторката Lummus. Апсолутно сите калории телото еднакво ги обработува. Сепак, некои намирници се многу похранливи и поздрави од други, па важно е да се внесува храна која е богата со витамини и протеини, а не со "празни калории" кои се внесуваат преку газираните сокови, слатките и грицкалките кои немаат никаква вредност за нашето здравје.

3.Секое лице има свој "магичен број калории"
Бројот на калории кои едно лице треба секојдневно да ги внесува во организмот зависи од многу фактори: годините, висината, тежината, телесната активност...Важно е да го пронајдете својот "идеален број" и да се придржувате кон него или малку да го намалите во случај да сакате да ослабите.

4.Внесувањето на ПРЕМАЛКУ калории исто така може да предизвика дебелеење
Ако внесувате помалку од 1 200 калории на ден во своето тело, опасно го загрозувате своето здравје, но воедно и му помагате на телото да го задржи салото затоа што тоа "очајнички се држи за секоја калорија". Јадете нормално дури и кога сакате да намалите од тежината, само внимавајте што внесувате.

5.Таблицата на калории за деца постојано се менува
Децата брзо растат па така постојано се зголемува бројот на калориите кои им се потребни. Kimberly Lummus вели дека на бебе од 5 до 12 месеци му требаат 850 калории дневно, од 1 до 3 години околу 1300 калории дневно, од 4 до 6 години околу 1800 калории дневно, а од 7 до 10 години старост околу 2000 калории дневно.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...