Tuesday, 27 November 2012 17:44 Занимливости

Хостел во Амстердам се рекламира како најлошо сместување во светот.

Хостелот „Ханс Бринкер“ во Амстердам гордо се рекламира со слоганот „Ги разочаруваме муштериите веќе цели 40 години“. На сајтот можете да најдете описи на тенки душеци, излупени ѕидови и тапети, метални ормари и соби без поглед.

„Ние не сме евтин хостел за млади во Амстердам, туку многу повеќе од тоа. Ние сме евтин, валкан, ладен и недоволно осветлен хостел.“

„Ако сакате удобност рамна на онаа во затвор со минимално обезбедување, ние сме местото за вас. Уживајте во нашата кантина во која се содржи недоволно варени јајца, и воодушевувајте му се на фактот дека во некои од собите водоводните цевки дури работат“, се наведува во рекламата.

Еден од слоганите со кои „Ханс Бринкер“ им се додворува на потенцијалните гости е и „Сега имаме и кревет во секоја соба“.

Необичниот маркетинг вродил со плод, затоа што хостелот работи подобро од било кога.

„Муштериите го ценат нашиот сарказам и хумор, и овој вид маркетинг и се допаѓа на целна група, во главно на студенти и млади“, вели менаџерот Тејмен Ресевер.

На сајтот на „Ханс Бринкер“ се наоѓа и известување дека, од очигледни причини, хостелот не сносува одговорност за „болести од 18 век, нервни сломови, тровање со радијација и храна“ и други несреќи кои можат да ве снајдат по само едно ноќевање.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...