Saturday, 24 November 2012 17:04 Занимливости

... можеби ќе се засакате кога ќе се сретнете во вистинскиот свет, а постои опасност и да се разочарате. Ризикот е овде, а кој ризикува, тој профитира. Време е да дознаете што донесува познанството на социјалните мрежи, како да се опуштите и да не ја идеализирате личноста „во компјутерот“.

Запознавањето преку интернет за многумина е вообичаено. На мрежата се развиваат пријателства, се склучуваат бизниси, а често се раѓаат и големи љубови.

Кога непозната личност те додава на Facebook, ќе помислиш: „Можеби е некој лудак!“, меѓутоа, тоа не мора да биде баш така. Откривме дека вљубеноста на мрежата може да прерасне во вистинска љубов. Опиплива, се разбира.

„Својот сопруг го запознав преку профилот на заедничка пријателка. Му се допаднав и ми прати покана за пријателство. Се допишувавме неколку недели, а потоа се сретнавме. Не почнавме веднаш да се забавуваме, но сега сме во брак, така што веројатно ви е јасно како се течеше“, вели триесетгодишната Мери.

А на прашањето дали на други би им препорачала да побарат љубов од другата страна на екранот, Мери вели: „Се разбира. Ако ви се пружи шанса, искористете ја. Се разбира, немојте да ги прогонувате личностите кои ви се допаѓаат, туку дозволете и на љубовте да се случи. Можеби тоа не е за секој, но важно е да се има на ум дека не е невозможно.“

Шансите за запознавање преку интернет со задоволство го користат многу тинејџери ширум светот. Така еден американски тинејџерски пар се впушил во вистинска интернет романса - се запознале на Facebook, а се вериле на YouTube.

Иако многумина истакнуваат дека запознавањето на интернет е неприродно, професионалците застануваат во одбрана на ваквото дружење. Ако интернетот е само шанса да се запознаете и подоцна да остварите реална врска, тогаш тоа е полн погодок.

Според наводите на професионалците, начинот на кој партнерите се запознаваат не е важен за квалитетот на односот и развојот на длабоката емоционална поврзаност. Клучот за квалитетен однос се создава подоцна, низ непрекинато запознавање и дополнување.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...