Friday, 23 November 2012 15:59 Занимливости

Себичните луѓе се среќни (под услов да можат да го избегнат чувството на грижа на совеста). Најдобар начин тоа да го постигнете е поенкогаш работите да ги поставите така што единствен избор ќе биде да мислите на себе и своите потреби.

Истражување спроведено неодамна на универзитетот Пенсилванија покажало дека мала доза на себичност навистина не прави посреќни, посебно ако при тоа успееме да го избегнеме чувството на грижа на совест.

Иако од мали не учат на љубезност и алтруизам како пожелни особини, резултатите од истражувањето покажуваат дека луѓето сепак се посреќни ако повремено мислат само на себе. Најефикасен начин тоа да го изведете, а при тоа да не ве гризе совеста затоа што постапувате во спротивност од она како ве воспитувале, е ситуацијата да ја набљудувате од агол кој како единствена опција ви го нуди токму задоволувањето на вашите сопствени потреби.

Во експериментот кој го извеле научниците од универзитетот во Пенсилванија се покажало дека оние кои свесно изберат да постапат себично обично имаат интензивно чувство на грижа на совеста. Психолозите велат дека причината за тоа треба да се бара во воспитувањето и фактот дека нас од мали нозе не учат дека не е убаво да се биде себичен.

Психолозите Џонатан Берман и Дебора Смол спровеле експеримент во кој учествувале 216 студенти со цел да утврдат кога луѓето се најсреќни. Сите испитаници добиле по три долари, на едната група и е кажано парите да ги донираат на Уницеф, на другата да ги задржат парите, а испитаниците од третата група можеле сами да одлучат дали парите ќе ги задржат или ќе ги донираат во добротворни цели.

Излегло дека најсреќни биле испитанциите од групата на која им е кажано да ги задржат парите, иако оние од третата група можеле да одлучат да го сторат тоа.

„Луѓето најчесто сакаат да направат нешто што би можело да се смета за себично, но тоа на крајот не го прават затоа што знаат дека ќе се чувствуваат лошо поради тоа“, вели Берман.

Единствен лек е повремено да се однесувате како да немате избори и да го направите она што навистина го сакате.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...