Wednesday, 21 November 2012 16:37 Занимливости

Ако сте мислеле дека за психичките болести се виновни само генетските фактори, овие податоци ќе ве разуверат.

1. Месецот во кој сте родени

Неколку студии успеале да докажат дека месецот во кој сте родени може да влијае на развојот на некои психички болести. Дури поврзале кои болести ги има кај најголем број луѓе родени во одреден месец. Така, на пример, ако сте родени во јануари имате најголеми можности да се разболите од шизофренија или биполарно пореметување, а личностите родени во пролетните месеци се најсклони кон депресија. Студиите одат толку далеку што постојат и податоци за тоа дека личностите родени во пролет имаат 18% повеќе шанси да извршат самоубиство.



2. Староста на вашиот татко

Познато е дека на децата влијае се што нивната мајка работи во бременоста, но за некои проблеми би можеле да бидат одговорни и татковците. И тоа постарите татковци. Студија спроведена на Исланд истражувала зошто родителите кои немаат психички болести добиле деца со аутизам или шизофренија. Се покажало дека ризикот за заболување на децата расте паралелно со староста на таткото и затоа децата со постари татковци почесто заболуваат од аутизам или шизофренија. Причината за тоа е начинот на кој се создаваат сперматозоидите. Тие на некој начин се копираат и секоја „копија“ е малку полоша од претходната, т.е. има поголема шанса за мутација.



3. Животот на големи надморски височини

Меѓу жителите кои живеат на повисоки надморски висини во земјите ширум светот пораширени се зависностите од алкохол и дрога, како и поседувањето на оружје. Девет американски држави кои се сместени на големи надморски височини имаат најголема стапка на самоубиства во земјата, а слична е и ситуацијата во Јужна Кореа. Никој точно не знае зошто е тоа така, но многумина претпоставуваат дека до тоа доаѓа поради недостатокот на кислород на големите висини.



4. Високите температури и сончевата светлина

Иако зимската депресија е многу попозната и од неа страдаат поголем број луѓе, постои и нешто што се вика летна депресија. Можеби на оние кои го обожаваат сонцето и топлината ова ќе им звучи неверојатно, но некои луѓе токму поради сонцето и топлината паѓаат во депресија поради која со денови не излегуваат од дома, некои дури не стануваат ни од креветот. Лекарите велат дека за тоа постои едноставно објаснување. Имено, високите температури можат да влијаат на намалувањето на заштитните хормони поради што се чувствуваме беспомошно. Исто така, топлината го стимулира хормонот пролактин кој ги блокира ефектите на допамин - супстанција која нашиот организам ја лачи при стимулации во кои уживаме.



5. Вашата исхрана

И покрај раширеното мислење дека свежото рибно мени не може да донесе никакви негативни последици на нашиот организам, се покажало дека сепак не е во целост така. Конзумирањето на поголеми количини риба поврзано е со развојот на Алцхајмеровата и Паркинсовата болест. Тоа во главно се однесува на рибите уловени на отворено море кај кои постои големо ниво на токсин со име BMAA кој настанува како продукт на цијанобактеријата (алга која живее во океаните). Но, тоа не значи дека би требало да се упатите во најблискиот ресторан за брза храна. Со помрсна и послатка храна во своето тело натрупувате голема количина на инсулин, дури и до таа точка што мозокот повеќе нема да реагира на него, а кога мозокот не рагира на инсулин, не може да регистрира и некои сеќавања, што е прв знак за деменција. Преслатката исхрана може да доведе до шизофренија и депресија.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...