Monday, 12 November 2012 15:21 Занимливости

Животот е полн со прекрасни искуства. Само треба да ги забележиме. Колку е неверојатно кога ќе почувствуваме како сончевите зраци ни ја топлат кожата! Или да видиме како проодува детето...А мирисот на дождот? Чувството на топол ветер? Сето ова може да го доловиме ако го започнеме денот со позитивна став, смета блогерот Марк од marcandangel.com...

Според него, да живееш среќен живот значи да се изградат позитивни навики кои ви помагаат да се фокусирате на она што е вистински важно. Врз малите чувства и дејства без цена, но со висока емоционална вредност. Тој наведува 9 навика, кои според него ги обединуваат позитивните луѓе. Сите можеме да го промениме чувството за животот, ако ги развиваме, а тоа се:

1.Позитивните луѓе се будат секое утро со мислата дека нешто прекрасно е можно да се случи денес. Насмевката е лековита енергија. Затоа е важно секогаш да бараме човек, на кого ќе му се насмевнеме на почетокот на денот. Не е 100% сигурно дека тоа ќе ни го продолжи животот, но во секој случај ќе додадете живот на годините. Постојаниот позитивен став е "најевтина фонтана на младоста".

2.Тие го слават тоа што се живи. Нашиот ум е прозорец, во кој го гледаме светот. Најдобар начин да го натераме да разбере дека сме среќни, е начинот на кој мислиме, чувствуваме, одиме, даваме и служиме како да сме најсреќните луѓе во целиот свет.

3.Ги ценат совршените моменти. Животот не е совршен, но неизбежно има своите совршени моменти. Не вреди да им дозволиме на ситните нешта да го уништат нашето расположение.

4.Ги прифаќаат промените. Непредвидливата територија не е добра или лоша. Таа едноставно е таква каква што е. Да, може да ги разниша нашите темели како човек. Може да не наведе да направиме чекор назад. Но, промените се оние кои не тераат да напредуваме. Тоа е вистинската гледна точка која треба да ја прилагодиме.

5.Зависни се од постојано и безпрекинато самоусовршување. Не мора да е 1 јануари, за да се подари шанса да го смените остатокот од својот живот. Секој ден е нов ден да учиме, растеме, ги развиваме своите сили и да учиме од грешките во минатото, за да се оди напред. Секој ден е шанса да дознаеме кои сме и да се разбереме себе си.

6.Ја искусуваат и вдишуваат вистината. Ова е најпозитивниот и ослободувачкиот начин од стрес, бидејќи вистината на крај секогаш станува јасна.

7.Избираат да бидат среќни без конкретна причина. Ако сте среќни поради некаков повод, можете да си навлечете проблеми, бидејќи некој може да ви го одземе поводот. Затоа насмевнете се веднаш, зашто што можете, без да барате причина, вели Марк.

8.Им помагаат на луѓето околу себе да се смеат. Знаат дека понекогаш само една насмевка, дадена на некого може да е единственото убаво нешто што му се случоло во текот на денот. Тоа може да е она што ќе го издигне до нови височини.

9.Поминуваат време со позитивни луѓе. Се опкружуваат со луѓе кои ги прават среќни. Комуницираат со блиски, кои не се со нив од корист, туку затоа што им е грижа. Сите други се минливи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...