Monday, 05 November 2012 09:08 Занимливости

Миризлив и уреден дом е сон на секоја жена, затоа ќе ви претставиме неколку ефикасни решенија за елиминирање на непријатните мириси...

Облека со застоен мирис
Иако волнените парчиња се повторно во мода, веројатно со текот на времето придобиле чуден мирис од кој сакате да се ослободите. Решението на овој проблем е водка. Облеката испрскајте ја со многу мала количина на водка која ќе ги убие бактериите и така ќе го елиминира непријатниот мирис. Без грижа, облеката нема да мириса на алкохол затоа што мирисот ќе испари, но внимавајте да биде добро изветрена пред да ја ставите пак во ормар.

Замрзнувач
Поради смрзнатите производи замрзнувачот со текот на време собира непријатни мириси од кој се згрозуваме секогаш кога ќе посегнеме по некоја намирница. Откако ќе го одмрзнете замрзнувачот, внатрешноста избришете ја со памук кој ќе го натопите во екстракт од ванила, а полиците на фрижидерот избришете ги со мешавина од оцет и вода во размер 50:50.

Пластични садови
Сите ќе се согласиме дека пластичните садови се извонреден начин за чување на остатокот од вечерата, но со време попримаат мирис од кој е тешко да се ослободите. Ако своите садови ги ставите во топла вода помешана со сода бикарбона и ги оставите преку ноќ, на непријатните мириси можете слободно да заборавите.

Тепих
Теписите исто така со време собираат непријатен мирис, особено во деловите од станот во кои често се престојува. За решение на овој проблем исто така може да се послужите со сода бикарбона која ќе ја просеете по целиот тепих, ќе ја оставите неколку часа да делува и потоа едноставно ќе го исчистите со правосмукалка. Од непријатните мириси нема да има ни трага.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...