Friday, 02 November 2012 08:59 Занимливости

Во време кога некои бракови траат само по неколку часа Карам и Катари Шанд се вистинска инспирација и причина за повторно да почнете да верувате во долготрајна љубов меѓу двајца луѓе...

Овој пар е во брак 87 години, а имаат 8 деца и 28 внуци. Тие воедно се рекордери кога е во прашање бројот на години поминати во брачна заедница и се вистински извор за делење на совети за успешен брак. Уште еден занимлив податок е тоа што Карам и Катари својата љубов ја започнале со договорен брак, а ова се нивните совети за среќа и успешна врска:

1.Секогаш бидете верни - кога ќе се венчате го посветувате својот живот на другата личност и дури и кога времињата се тешки немојте да мислите дека во туѓите дворишта тревата е позелена. Затоа што не е.

2.Внимавајте еден на друг - ако сакате да остарите со својот партнер морате секогаш да се чувате еден со друг, во секоја ситуација и во секој облик. Без оглед дали се работи за подготовка на оброк, држење за рака кога ја преминувате улицата или пружење утеха кога нешто ќе тргне на лошо.

3.Бидете толерантни - сите имаме лоши иритирачки навики. Можеби тоа е оставање на крпата на подот или слушање гласна музика, но морате меѓусебно да бидете толерантни и да сфатите дека никој не е совршен. Секако дека понекогаш еден на друг си одиме на нерви, но ако сакате вашата врска да трае речиси 90 години мора да научите да ги сакате и лошите страни на вашиот партнер.

4.Слушајте се еден со друг - во секој однос најважно е да знаете ја да слушате другата личност. Луѓето престанаа да се слушат еден со друг затоа што се презафатени или гледаат телевизија. Слушајте ги проблемите и грижите на оние кои ги сакате секој ден, затоа што така може да им помогнете  и тие ќе бидат среќни. Исто така, тоа е она што ве зближува затоа што на тој начин станувате вистинска личност на која вашиот партнер ќе и се доверува кога нешто не е во ред.

5.Живеје според социјалните и религиски морални вредности - почитувајте, бидете грижливи, негувајте, сакајте и ценете го својот партнер. Секогаш однесувајте се кон него онака како што би сакала тој да се однесува со вас.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...