Wednesday, 31 October 2012 17:40 Занимливости

Компанијата Дизни соопшти дека ќе ја купи компанијата на Џорџ Лукас за четири милијарди долари.

„Се радуваме на овој нов потфат и се надеваме дека најпрво ќе ја прошириме франшизата ‘Војна на ѕвездите’“, соопшти извршниот директор на Дизни, Роберт Ајгер.

Лукасфилм беше во стопроцентно сопственство на филмскиот могул Џорџ Лукас, кој кажал дека почувствувал дека дошло време своето „чедо“ да го предаде на некој друг.

„Во последните 35 години уживам во пренесувањето на ‘Војна на ѕвездите’ од генерација на генерација, и сметам дека ова ќе биде уште едно такво пренесување. Време е ‘Ѕвездите’ да ги проследам на некоја нова генерација режисери“, соопшти режисерот и сценарист номиниран за четири Оскари.

Компанијата Дизни соопштила дека најпрво ќе поработи на долгорочен план за проширување на фамозната филмска сага.

„Планот е секои две-три години во кино-салите да стигнува по еден нов филм од серијалот ‘Војна на ѕвездите’“, додаде Ајгер. Седмиот филм во серијалот во кино-салите би требало да се појави во 2015 година.

На Дизни ова им е едно од најголемите купувања. Компанијата во 1995 ја купи Капитал ABC за 19,7 милијарди долари, 11 години подоцна е купено студиото Пиксар за 7,6 милијарди, а во 2001 година за Фокс Фемили платени се 5,2 милијарди долари.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...