Wednesday, 31 October 2012 13:16 Занимливости

Што ќе кажете за одмор без автомобил? Можете ли да замислите место без бучава од сообраќај и загадување? Ако ова ви се чини привлечно и барате мир и релаксација, можеби ќе ви се допадне да одите до некои од островите на кои автомобилите се забранети...

Кох Липе (Koh Lipe), Тајланд
Богатото и разновидно југозападно крајбрежје на Тајланд е познато не само по својата убавина, туку и по чистата животна средина и релаксирана атмосфера. Кох Липе е дел од островска група, која се наоѓа на околу 50 километри од копното. Локалните жители се добронамерни и пријателски расположени, и ќе ве сместат во волшебни бунгалови кои се спојуваат со нивната природа. Прошетајте пеш или со чамец низ островот, по плажите  или пак приклучите се во организирана екскурзија до националниот морски парк Ко Тарутао (Ko Tarutao). Тоа е прекрасна дестинација за љубителите на нуркањето, бидејќи нуди исклучителни корални гребени и разновиден подводен свет.

Вен, Шведска
Малиот остров Вен се наоѓа на брегот на Scania County во јужна Шведска и е оаза на мирот и тишината. Вен има 400 постојани жители и изобилува со прекрасни, песочни плажи и смирувачко зеленило. Откако ќе пристигнете со ферибод, ќе имате можност да одберете соодветен велосипед со кој ќе се движите низ островот. Задолжително место за посета на Вен е музејот посветен на Tycho Brache - познат дански астроном. Ако сакате да ја избегнете толпата, посетете го островот во август, по шведскиот летен одмор.

Принцови острови, Турција
Групата од 9 островот се наоѓа на 20-на километри (30 мин) крај бреговите на Истанбул. Наместо да слушате бучава од сообраќај, тука ќе можете да уживате во тишина, која е вознемирувана само од ветерот и чукањето на коњски копита. Наместо градски смог ќе вдишувате свеж и чист воздух, исполнет со мирис на борови шуми. По пријатната прошетка можете да одморите и да пробате вкусни јадења во рестораните, блиску до пристаништето.

Хидра, Грција
Ако ја сметате Атина за погласна отколку што мислевте, планирајте го своето патување до Хидра - мирен остров, само на 2 часа пат од грчката престолнина. Кога ќе стигнете таму веројатно ќе се чувствувате како да сте патувале не два часа, туку две светлосни години - ќе најдете еден сосема поинаков свет! Наместо забрзаност ќе најдете тотална смиреност. Се што треба да направите е да си најдете убава плажа и да се релаксирате. Зајдисонцето стануваат уште поубаво со чаша узо во рака.

Ротнест, Австралија
Ротнест е совршено место за бегство од секојдневниот стрес. Се наоѓа на брегот на Западна Австралија и е само на половина час пат од Freemantle. Островот е лесно достапен рај за љубителите на природата. Изнајмете велосипед и проверете ги безбројните плажи и заливи. Кога ќе си најдете совршено сончево местенце, оставете ги крпите на плажа и нурнете се за да уживате бо подводните убавини на Ротнест.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...