Интернет страницата која се занимава со истражување на кадровските прашања како што се вработување и висина на платата, PayScale.com, направила истражување за најштетните професии во кои работат луѓето...

1.Вработени во 'fast food'
Дури 38% од нив ја сметаат својата работа со најлошо влијание врз светот. Многумина вработени не се чувствуваат добро кога на своите гости им продаваат масни сендвичи и компирчиња. Вработените во тој сектор се чувствуваат дека придонесуваат за епидемијата на гојазност кај луѓето. Тие се свесни дека таа храна е штетна, а сепак ја продаваат.
2.Вработени во казино
Од нив 17,2% рекле дека нивата работа го прави светот лошо место за живеење. Гледајќи ги коцкарите како ги фрлаат своите пари во неповрат е на свест на многу вработени во казината, особено на оние кои ги делат картите. Веројатно се чувствуваат лошо бидејќи земаат пари од луѓето, од кои повеќето не можат да си дозволат да ги изгубат тие пари.
3.Продавачи
Многу помалку отколку во другите две занимања, 9,4% од вработените во продажниот сектор сметаат дека нивната работа го прави светот лошо место за живеење. Попречувањето на луѓето додека ги извршуваат секојдневните обврски обидувајќи се да им продадат некој производ кој веројатно не им треба, ги прави продавачите незадоволни од својата работа и нејзиното влијание на светот.
4.Уредници на вести на телевизија
Објавувањето вести од природни катастрофи, масовни убиства, економска криза, остава последица на некои уредници. Од нив 8,1% сметаат дека нивната работа го прави светот лошо место за живот.
5.Келнери
Послужувањето на луѓето додека се забавуваат може да биде и занимливо, но 6,7% од келнерите не сметаат дека нивната работа има многу смисла. Го прави ли алкохолот и последиците од пијанството светот подобро место за живот?
6.Извршители
Поминувајќи ги деновите во потера на луѓето кои не ги платиле своите кредити, може да биде емотивно исцрпувачки. 4,9% од извршителите сметаат дека токму нивната работа светот го прави лошо место за живеење. Некои од нив чувствуваат вина кога се обидуваат да го отплатат долгот од луѓето кои западнале во финансиска криза.
7.Модни дизајнери
Работата на моден дизајнер за 4,9% во таа индустрија го прави светото лошо место за живеење. Од нив 36% сметаат дека нивната работа нема апсолутно никакво позитивно влијание на светот. Многумина имаат проблеми со изгледот на своето тело, а модните дизајнери имаат моќ тоа уште повеќе да го истакнат. Особено ако дизајнираат облека според моделот кој не го претставува телото на типична жена.